29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈункер: Преговорите за решавањето на грчката криза се движат во вистинска насока

Јункер: Преговорите за решавањето на грчката криза се движат во вистинска насока

junker 243

Преговорите за решавањето на грчката криза повторно се движат во вистинска насока, по повеќенеделните тензии кои предизвикаа загриженост во врска со можното излегување на Грција од еврозоната, оценил претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер.

„Морам да признаам дека во последните неколку недели бев голем песимист, бидејќи немаше никаков напредок, но сега повторно се вративме во нормален тек“, рекол Јункер за време на седницата на Европскиот парламент, пренесува „Capital.ba“.

Јункер додал дека очекува дека ќе се дојде до решение кое ќе биде во корист на Грција и на ЕУ. По телефонскиот разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас, Јункер рекол дека претседателот на грчката влада е подготвен до крајот на оваа или, пак, почетокот на наредната недела да ги претстави реформите.

На Грција очајно и е потребна последната транша од околу седум милијарди евра од пакетот за помош со вкупна вредност од 240 милијарди евра, но Брисел одбива исплата сè додека Атина не го достави новиот пакет на реформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП