26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБелата куќа затворена за туристи поради штедење

Белата куќа затворена за туристи поради штедење

B

Белата куќа е затворена за посетители и туристи поради намалениот број на работници и поради намалувањето на буџетот за одржување на резиденцијата на претседателот. Претседателот на САД Барак Обама овој месец потпиша декрет за намалување на федералниот буџет.

Според оваа уредба, предвидено е штедење од 85 милијарди долари до крајот на септември.

Владата се надева дека во наредните 10 години ќе успее да заштеди повеќе од еден трилион долари.

Екскурзиите во Белата куќа секогаш беа бесплатни, со претходна резервација.

Американските граѓани ваквата посета имаа можност да ја организираат преку нивниот конгресмен, додека странците за оваа желба се обраќаа во амбасадите.

Повеќе од половина милион туристи ја посетија Белата куќа во текот на минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП