26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHermes забележа значителен раст на профитот

Hermes забележа значителен раст на профитот

hermesnova

Француската модна куќа „Hermes“, позната по скапоцената кожна галантерија и облека, минатата година повторно забележа значителен раст на профитот, со што го потврди еден од најдобрите резултати во целиот сектор за луксузна стока.

Оперативниот профит на компанијата пораснал за 7,0 проценти на 1,29 милијарди евра, што е нешто под очекувањата на аналитичарите кои предвидоа раст на 1,31 милијарди евра.

Оперативната маржа е намалена на 31,5 проценти, по рекордните 32,4 проценти во 2013 година.

Компанија најави дека во 2015 година оперативната рентабилност би можела да стагнира поради маржата која, како што се очекува, може да прејде на 31 процент.

Нето профитот во 2014 година е зголемен на годишно ниво за девет проценти на 859 милиони евра, додека вредноста на дивидендата е зголемена од 2,70 на 2,95 евра.

Поради неизвесните економски прилики, компанијата за оваа година ја намали прогнозата за раст на профитот од десет на осум проценти, пред се поради падот на приливот на туристи во Хонг Конг, забавувањето на растот на кинескиот пазар како и падот на бројот на руските туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП