24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДебарски бањи интересни и за Русите

Дебарски бањи интересни и за Русите

debarski banji 22

На Меѓународниот саем на тур оператори во Москва, искажан е нагласен интерес за престој на Русите во Дебарските бањи – Цапа во Дебар.

Генералниот директор на овие далеку познати бањи во Европа, Меџит Цапа изјави дека во Москва , Македонскиот штанд на туристички понуди бил многу интересен за руските тур опаретори. Исто така според Цапа имало и нагласен интерес кај Русите за престој во Дебарски бањи.

„Многу од познатите оператори во оваа земја имаа доволно информации за високиот квалитет на Дебарските бањи а ние им понудивме и информации за квалитетното сметсување и здраствениот персонал, кој ги врши сите видови на терапија како и во другите познати светски бањи“ рече Цапа.

Тој додаде  дека многу скоро може да се очекуваат туристи од Русија кои сакаат бањски туризам.

„Во Русија видно е зголемен стандардот на населението, а тие се и нација која многу сака да патува во странство и да користи туристички странски услуги“, подвлекува Цапа.

По приватизацијата на Дебарски бањи – Цапа во 2004 година инвестирани се над 7 милиони евра за подобрување на хотелските капацитети, нагласуваат преставниците на овие бањи во Македонија, а во последните две години странските туристи во процент се над 60 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП