7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПопоски: Инфраструктурата служи за интеграција на Балканот во европскиот проект

Попоски: Инфраструктурата служи за интеграција на Балканот во европскиот проект

Image (2)

Министерот за надворешни работи Никола Попоски и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  денес учествуваа на министерската конференција на западен Балкан „Подобра поврзаност, силна и клучна транспортна мрежа“ во Приштина.

На конференцијата присуствувашe и комесарот за соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, a се обрати и комесарката за транспорт  Виолета Булц.

Состанокот се организира како дел од Берлинскиот процес, а во пресрет на состаноците во Рига и Виена, во мај и јуни оваа година.

На конференцијата се остварија дискусии во однос на предложената методологија на Европската комисија за определување на приоритетни транспортни коридори и се разменија мислења за предлозите за усогласување на клучната транспортна мрежа во земјите од западен Балкан.

Поврзувањетo на земјите од регионот ќе доведе до зголемување на инвестициите, но и зајакнување на врските меѓу луѓето преку границитe и рушење на предрасудите.

„Бидејќи ЕУ е политичка унија, треба да се применат политички критериуми за поврзувањето на регионот. Инфраструктурата не служи само за транспорт на стоки и луѓе, туку и за интегрирање на Балканот во европскиот проект”, потенцираше Попоски.

На овој состанок е договорено следниот состанок во регионален формат да биде одржан во Македонија, а дотогаш ќе биде потребно да се договорат клучните проекти, велат од МНР.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП