6 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПогледнете како бебето во стомакот реагира на димот од цигарите (видео)

Погледнете како бебето во стомакот реагира на димот од цигарите (видео)

beba-pusenje-trudnoca-foto-ytps-1427137931-628543

Истражувањето е направено со цел да им помогне на мајките кои се мачат да ги остават цигарите…

Докторката Надја Рајсланд со 4D скенер снимила илјадници движења на фетусот во матката. Следела 20 трудници, од кои 4 пушеле цигари и тоа повеќе од 14 цигари дневно.

Таа неродените деца ги следела во моментите кога тие биле стари 24, 28, 32 и 36 недели. Приметила дека децата во стомакот на бремените жени кои пушеле цигари многу почесто ја мрдале устата и се допирале по лицето отколку оние кои биле во стомакот на бремените жени кои не пушеле цигари.

Ваквите движења и гримаси на бебето јасно покажуваат колку димот од цигарите им пречи на бебињата во утробата на мајката пушач.

beba-pusenje-trudnoca-foto-ytps-1427137931-628542

Др. Надја Рајсланд објаснува дека фетусите како што стареат се помалку ги движат усните и се помалку го допираат лицето. Ова истражување укажува на тоа дека фетусите на мајките кои пушат, имаат задоцнет развој на централниот нервен систем.

Сите 20 бебиња биле родени живи и здрави, но експерите нагласуваат дека се потребни дополнителни истражувања кои сигурно ќе ги покажат негативните влијанија на цигарите врз здравјето и животот на роденото дете.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП