26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСпектакуларно претставување на моделот XF (фото+видео)

Спектакуларно претставување на моделот XF (фото+видео)

xf

Новата генерација „Jaguar XF“ се појави за прв пат пред публика на прилично спектакуларен начин. Британскиот модел се спушти по високо исправени јажиња над вода во срцето на бизнис зоната на Лондон.

xf1

Спроведувањето беше доверено на британскиот експерт Џими Додал, ветеран од холивудските продукции како Бонд, Борн и Индијана Џонс, кој го вози целосно новиот автомобил во текот на 240 метри на високо исправените јажиња.

Целта на демонстрацијата е да се фокусира на претежно лесната алуминиумска конструкција на моделот, се вели во пораката од „Jaguar“. Автомобилот е за 80 килогарми полесен од својот најблизок конкурент, што го прави најдобар во класата по економичност, тврдат британците, а појаснуваат дека просечната потрошувачка на гориво кај најекономичната верзија е само 4 литри на 100 км . (Штетните емисии на CO2 се 104г/км).

xf5

Спореден со својот претходник, новиот „Jaguar XF“ е за 7 см пократок и 3 см понизок, но нуди поголем простор во кабината благодарение на зголеменото меѓуоскино растојание до 2960 мм (+51 мм). Моделот е и полесен за цели 190 килограми од својот претходник, бидејќи користи нова платформа, а 75% од конструкцијата му е изработена од алуминиум. Тврдоста при торзија е зголемена за 28%, а распределбата на масата меѓу двете оски е во сооднос речиси 50/50.

xf6

Исполнет во стилот на помалиот „XE“, новиот модел ќе се нуди со гама обновени дизел и бензински мотори, кои ги покриваат Евро6 нормите. Достапен е и системот за погон на четири тркала „Intelligent Driveline Dynamics“ (IDD).

Палетата на дизел предлози стартува со моторот од серијата „Ingenium“. Тој е 2,0-литарски, има четири цилиндари и генерира 163 КС и 380 Нм. Истиот мотор се нуди и во верзија со 180 КС и 430 Нм. Бензинскиот агрегат исто е 2,0-литарски, а генерира 240 КС и 340 Нм.

xf7

Палетата од 3,0-литарски „V6“ мотори вклучува два бензински и еден дизел агрегати. Бензинските се опремени со турбополнач и нудат 340 КС или 380 КС, а и во двата случаи вртежниот момент е 450 Нм. Системот на 3.0-литарски мотор има би-турбо технологија и генерира 300 КС и 700 Нм.

Сите мотори се споени со 8-степен автоматски менувач, како 2,0-литарски дизел може да биде опремен и со рачна трансмисија со 6 степени.

xf8

Меѓу технологијата на новиот модел, кој ќе конкурира со автомобили како „Mercedes-Benz E-Class“ и „BMW 5-Series“, присуствуваат адаптивна суспензија, систем за подобрен зафат во верзиите со заден погон, информатичко-забавен систем со 10,2- инчен дисплеј, целосно дигитални апарати, „LED“ фарови и многу други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП