25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОпштина Гостивар ќе им ги отпише долговите за вода и отпадоци на...

Општина Гостивар ќе им ги отпише долговите за вода и отпадоци на граѓаните

gostivar-opstina

Со одлука на Советот, Општина Гостивар ќе врши еднократен отпис на долговите на граѓаните за користење на вода за пиење и превезување на отпадоци кон Јавното претпријатие „Комуналец”.

Отпис ќе се врши за долговите создадени до 31 декември 2013 година, а неплатени повеќе од 12 месеци, кои се заведени како долг кон ЈП „Комуналец”- Гостивар.

Правото за отпис на долгот може да го користат граѓаните кои до 31 декември 2013 година имале статус на корисник на социјална парична помош или постојана парична помош, лица кои се регистрирани ка невработени во Агенцијата за вработување на Република Македонија како невработени лица кои активно бараат работа повеќе од 12 месеци, како и лица изложени на социјални ризици поради смрт, инвалидитет или потешка болест.

Граѓаните од горенаведените категории во рок од 45 дена почнувајќи од, 25 март, во Центарот за општински услуги при Општина Гостивар да поднесат документи за користење на правото на отпис на долговите кон ЈП “Комуналец” за вода и ѓубретарина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП