16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody's оцени – Киев пред банкрот

Moody’s оцени – Киев пред банкрот

moodys-kreditna-agencija-mudis

Меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Moody’s“ го намали долгорочниот суверен кредитен рејтинг на Украина за еден степен, од „Caa3“ на „Ca“, со негативна прогноза.

Рејтингот „Caa3“, „Moody’s“ го доделува кога за должничките обврски се смета дека се со низок квалитет и висок ризик.

Оценката „Ca“ е степен пониско и укажува дека обврските се високо шпекулативни и означува или близина до банкрот или банкрот.

Како што наведуваат експерите од „Moody’s“, главната причина за намалувањето е „веројатноста дека приватните странски кредитори можат да претрпат значителни загуби поради плановите на Владата на Украина да реструктуира поголем дел од своите еврообврзници“.

Негативната прогноза, според „Moody’s“, е условена со тоа што „нивото на јавниот и надворешниот долг на Украина и понатака се премногу високи без оглед на планираните реформи и реструктуирањето на долгот“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП