1 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРакометен камп „Кирил Лазаров 7“

Ракометен камп „Кирил Лазаров 7“

kamp1

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров, во соработка со агенцијата за спортски маркетинг, консалтинг и менаџмент „КМГ Спорт“, на почетокот од летото ќе започне со нов проект „Ракометен камп Кирил Лазаров 7“.

„Овој камп ќе биде несомнено мојата најдобра спортска инвестиција во која и да е сфера во животот, инвестиција во младите. Подготвен сум да одвојам време, подготвен сум цело мое знаење и искуство стекнато во текот на кариерата да го пренесам на младите во мојата родна Македонија. Спортот е нашиот најголем амбасадор во текот на целото наше постоење, а ракометот е спорт број 1 во Македонија“, рече Лазаров.

kamp vtora

Кампот кој ќе се одржува од 22-ри до 28-ми јуни во Охрид ќе биде наменет за ракометари од 10 до 17 годишна возраст.

Секоја година на кампот ќе гостуваат еминентни имиња од домашната и меѓународната ракометна сцена. Овој проект треба да значи и подобра иднина на ракометниот спорт во нашата земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП