20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет години Македонско-руска стопанска комора

Десет години Македонско-руска стопанска комора

makedonija-i-rusija1

Македонско-руската стопанска комора која е мост на економско поврзување на Република Македонија и Руската Федерација, во средата одбележува 10 години активно и успешно работење, во среда.

Пред десет години, визијата на група ентузијасти предводени од својот мотив за продлабочување и проширување на економската соработка на Русија и Македонија, ја придвижила идејата за создавање на оваа невладина организација промовирана во рамки на третата меѓувладина седница одржана на 25-ти март 2005 година во Скопје.

Денес, Македонско- руската стопанска комора е израз на вистинска врска помеѓу две пријателски земји, кои врз основа на традиционални, политички, културни и економски интереси токму со помош на оваа врска создаваат оптимални услови за инвестирање во развојот на бизнис заедниците  на двете земји.

Со своите успешни заложби за континуирано промовирање на интересите на сите свои членки, Македонско-руската стопанска комора е веќе етаблиран и доверлив партнер на полето на соработка со Руската Федерација и е член на мешовитата Македонско – руска меѓувладина комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП