24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнвестициски форум за енергетска ефикасност за секторот домување

Инвестициски форум за енергетска ефикасност за секторот домување

forum in

Инвестициски форум организиран во рамки на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност за секторот домување, се одржува денеска во Скопје.

На форумот ќе бидат присутни повеќе од 50 учесници од приватниот и од јавниот сектор, кои ќе дискутираат за потребите и потенцијалите за инвестирање во енергетската ефикасност во секторот домување во Македонија.

Обраќање на форумот ќе имаат директорот на мисија на УСАИД Македонија Џејмс Стајн, извршниот директор на Хабитат Македонија Зоран Костов, вишиот советник за енергија на УСАИД (во пензија) Роберт Арчер како и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски и заменик министерот за локална самоуправа Љупчо Пренџов.

Проектот на УСАИД за енергетска ефикасност за секторот домување е тригодишна иницијатива наменета да донесе унапредување во станбените згради во кои живеат семејства со ниски примања.

Овој проект се имплементира од Хабитат Македонија и им помага на семејствата кои живеат во колективни станбени згради да ја намалат потрошувачката на енергија и со тоа да ја намалат висината на сметките. До денес, во рамки на проектот реализирани се енергетски ефикасни реновирања на 32 колективни станбени згради во седум општини. Проектот исто така придонесе кон зголемување на капацитетите и помогна да се подигне свеста за енергетската ефикасност во секторот домување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП