12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПадот на Ербасот на Germanwings ќе има негативни економски последици

Падот на Ербасот на Germanwings ќе има негативни економски последици

german ving 3

Падот на Ербасот 320 на германскиот превозник Germanwings, во кој загинаа 150 луѓе, ќе има негативни економски последици за Луфтханза, како сопственик на оваа нискобуџетна компанија, пишува агенцијата ДПА.

„Падот на 24 години стариот авион А320 над француските Алпи сигурно ќе го извалка угледот на Germanwings, компанија со седиште во Келн во сопственост на групацијата Луфтханза, чија репутација до сега беше беспрекорна. Но, Germanwings од сега ќе биде засекогаш поврзан со трагичното загинување на 150 патници и членови на екипажот, а врежаното мислење за Луфтханза како технички доверлива компанија исто ќе биде доведено под знак прашалник“, наведува ДПА.

Од почит кон жртвите, Луфтханза не сакаше да ги коментира можните економски последици заради оваа трагедија, но тие сигурно ќе бидат значајни.

„Треба да се очекува значително губење на довербата во Луфтханза, што нема да биде лесно да се реши“, оценува Јохен Ротенбахер, аналитичар во банката Еквинет.

Тој додава дека дури и да се утврди дека вината за падот не е кај компанијата, перцепцијата кај потрошувачите секако ќе биде нарушена.

Аналитичарите сметаат дека финансиски последици би можел да почувствува и Ербас, производителот на авиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП