16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMoody’s предвидува: Американскиот раст најдолг во историјата

Moody’s предвидува: Американскиот раст најдолг во историјата

amerika-sad-amerika-amam

Позната агенција за кредитен рејтинг „Moody’s“ смета дека моменталната експанзија на американската економија ќе биде најдолга во историјата, бидејќи нови работни места и понатака се отвораат, платите започнуваат да се зголемуваат, а финансиската слика се подобрува.

Според месечниот извештај на „Moody’s“, домаќинствата во Америка значително ја намалиле задолженоста, која е намалена за 10 проценти од рекордот за време на финансиската криза.

Компаниите успешно издаваат обврзници, а кредитите во деловниот сектор растат по двоцифрени стапки. Исто така, се подобрува и профитабилноста на компаниите и нивната способност за враќање на долговите.

Според аналитичарите на „Moody’s“, сето тоа е знак дека економскиот раст е на многу цврсти темели.

Неодамнешниот „стрес тест“ кој го спроведе американската централна банка ФЕД, покажа зајакнување и на банкарскиот сектор, кој го зајакнува капиталот и ги избегнува ризичните кредити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП