20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУнгарија ја намали референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво

Унгарија ја намали референтната каматна стапка на рекордно ниско ниво

ungarijabro782fgf3jrt

Централната банка на Унгарија ја намали референтната каматна стапка на историски минимум од 1,95 проценти, што е првото намалување на каматната стапка од јуни минатата година.

Монетарниот комитет на Централната банка вчера ја намали репо стапката за 15 базни поени од 2,1 проценти, се наведува во соопштението објавено на официјалната интернет страна на банката.

Како што пренесува агенцијата Франс прес, аналитичарите го очекуваа ваквиот потег, бидејќи стапката на инфлација во Унгарија се намали под нула, на рекорден минуимум, поради владините одлуки да се намали цената на електричната енергија и комуналните услуги.

Во февруари, стапката на инфлација во Унгарија пораснала на минус еден проценти, што е повеќе во однос на минус 1,4 проценти од јануари, но е значително под среднорочната цел на централната банка од три проценти.

Во меѓувреме, унгарската национална валута, форинта, неодамна зајакна на максимална годишна вредност во однос на еврото, што е фактор, кој според оценките на аналитичарите, може да ја забави инфлацијата, како и да го ограничи економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП