25 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАКупувачот на 100.000-тиот билет во МНТ ќе добие посебен годишен билет

Купувачот на 100.000-тиот билет во МНТ ќе добие посебен годишен билет

mntpict

Во Македонскиот народен театар, во текот на денешниот ден, се очекува да биде продаден 100.000-тиот билет од отворањето на новиот објект на 7 декември 2013 година со претставата „Вечната куќа“ во режија на Дејан Пројковски.

Посетителот кој ќе го купи билетот ќе стане добитник на посебна влезница со што ќе има можност да биде почесен гостин на претставите на МНТ во театарската сезона 2015/16 година.

Посебниот билет ќе го врачи министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, заедно со директорите на оваа национална установа, Дејан Лилиќ и Дејан Пројковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП