3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција вети список со реформи до понеделник

Грција вети список со реформи до понеделник

grcija3

Грција соопшти дека ќе им го претстави пакетот реформи на своите партнери во еврозоната до следниот понеделник, во надеж дека ќе ја добие неопходната странска финансиска помош со којашто ќе го избегне банкротот.

„Тоа ќе биде сторено најдоцна до понеделник“, изјави портпаролот на грчката влада Габриел Сакеларидис за телевизијата Mega TV.

Грчката влада предводена од радикалната левица и нејзините кредитори од еврозоната се договорија минатата седмица дека Атина ќе состави листа од свои реформи кои имаат да имаат слично влијание врз грчкиот буџет како и мерките што ги договорија претходните влади водени од конзервативците со доверителите, Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд.

Во Атина итаат да го направат споменатиот список пред да биде целосно испразнета државната каса, а тоа се очекува за неколку седмици доколку не ја добие неопходната помош.

Во понеделникот германскиот весник  Frankfurter Allgemeine Sonntagszeitung објави дека грчката влада има пари за исплата на плати и пензии за само уште две седмици, односно до 8-ми арил кога ќе влезе во критична состојба. Експертите од Европската комисија тврдат дека дури и официјална Атина да посегне по фондовите за социјално осигурување и од сметките на компаниите во државна сопственост за да продолжи со исплата на плати, на Грција на 9-ти април ќе и’ пристигнат за наплата 465 милиони евра кредит од ММФ.

Реформите се многу чувствително прашање за грчкиот премиер Алексис Ципрас кој дојде на власт со ветувањата дека ќе стави крај на политиката за жестоките мерки за штедење пред да биде принуден да го прифати продолжувањето на омразената програма за помош под заканата од крах на грчкиот банкарски сектор.

Минатиот петок Ципрас минатиот петок се обиде да ги увери кредиторите и европските партнери дека во „претстојните денови“ ќе достави проширен предлог на реформи со надеж дека  ќе ја отклучат последната транша од помошта во вредност од 7,2 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП