5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата балансира меѓу слабиот долар и забавувањето на кинеската економија

Цената на нафтата балансира меѓу слабиот долар и забавувањето на кинеската економија

Russian Oil Stops Flowing To Western Europe Thru Belarus

Цената на барел нафта се стабилизираше денеска на светските берзи на ниво од 56 долари, балансирајќи помеѓу слабиот долар и сигналите за забавување на кинеската економија и рекордното ниво на производство на нафта во Саудиска Арабија.

На лондонската берза цената на барелот за испорака во мај остана речиси непроменета во однос на претходното затворање од 56,04 долари. На американската берза со барелот се тргува по 30 центи повисока цена, од 47,75 долари.

Доларот ослабна 0,3 отсто кон еврото, поттикнувајќи ја побарувачката за нафтата чија цена е изразена во американска валута.

Влијанието на слабиот долар врз цената на нафтата ги ублажија разочарувачките податоци од Кина, втората по големина светска економија и водечи увозник на нафта, со оглед дека покажаа пад на активностите во производниот сектор во март.

Кинеските податоци се надоврзаа на соопштението од Саудиска Арабија дека во таа држава моментално се произведува околу 10 милиони барели нафта дневно, што е близу највисокото ниво во историјата и околу 350.000 барели дневно повеќе од производството во февруари.

Минатогодишната одлука на OPEC, која наместо да се фокусира на цените се фокусираше на сочувување на пазарниот удел, резултираше со пад на цените и дополнитело ја влоши состојбата со прекумерната понуда на нафта на светските берзи. Се очекува пазарот да биде најслаб во второто тромесечје, со оглед дека сезоната на греење ќе заврши, а сеуште нема да почне летната сезона на возење.

Од консултантската компанија FGE предвидуваат дека во периодот од април до јуни вишокот на нафта на глобалните пазари ќе достигне два милиони дневно. „Очекуваме дека цената на нафтата повторно ќе се најде под притисок“, напоменуваат во банката.

Одделно OPEC на своите интернет страници објави дека цената на барел кошничка од неговата нафта во понеделникот изнесувала 50,3 долари, што значи дека се намалила за 37 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП