Вредноста на извозот на најголемите 15 извозници во Србија во првите два месеци од годината изнесувала 560 милиони евра, а најголем извозник е фабриката Fiat automobili Srbija (FAS) од Крагујевац со износ од 219,4 милиони евра, објави Министерството за финансии на Србија.
На интернет страницата на министерството се наведува дека извозот на FAS во февруари бил за 56,1 милиони евра поголем во однос на јануари. Во 2014 година вредноста на извозот на фабриката од Крагујевац достигнала 1,36 милијарди евра.
На листата водечки извозници на второ место се најде Железарата од Смедерево, чиј извоз во јануари и февруари вредел 48,9 милиони евра, а на трето место е производителот на автомобилски пневматици Tigar Tyres од Пирот со 44,3 милиони евра.
Меѓу најголемите извозници се и Нафтената индустрија на Србија, Тетрапак од Белград и Хемофарм од Вршац.