1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈавниот долг на Србија изнесува 71,9 проценти од БДП

Јавниот долг на Србија изнесува 71,9 проценти од БДП

7889187695061c77fd615e703449692_orig

Јавниот долг на Србија на крајот на месец февруари изнесувал 23,7 милијарди евра, што претставуваат 71,9 проценти од бруто домашниот производ (БДП), покажуваат податоците објавени на сајтот на Министерството за финансии на Србија.

На крајот на минатата година јавниот долг бил понизок за околу милијарда евра кога тој изнесувал 70,9 проценти од БДП.

Јавниот долг на крајот на 2013 година изнесувал 20,1 милијарда евра, а една година претходно 17,7 милијарди евра или 56,2 проценти од БДП.

Законот за буџетскиот систем во Србија, учеството на јавниот долг во БДП, го ограниччува на 45 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП