Кумановската полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и мобилната царинска единица изврши контрола на девет авто-отпади лоцирани на подрачјето на Куманово.
При контролата констатирани се неправилности во шест авто-отпади и тоа по основ на прекршоци согласно Закон за трговија и поради непоседување на соодветна документација за возилата. Во два случаи авто-отпади не биле регистрирани за вршење дејност, односно не биле регистрирани во Централниот регистер.
Државниот пазарен инспекторат издаде платни налози и покани за наплата на глоба во вкупен износ од 12.000 евра, како и едно решение за забрана на вршење на дејност во траење од 30 дена, при што од сопствениците со потврди за привремено одземени предмети се одземени вкупно 82 возила и 52 регистерски таблички издадени во Македонија, кои ќе бидат предмет на понатамошна работа за што ќе следат соодветни поднесоци.