17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит цените паднаа по минатонеделниот подем

На Волстрит цените паднаа по минатонеделниот подем

T

На Волстрит цените на акциите во понеделникот забележаа пад, по силниот раст минатата седмица, бидејќи инвеститорите се претпазливи додека го проценуваат влијанието на осцилациите на курсот на американскиот долар на пазарите, особено на нафтениот.

Така, во понеделникот индексот Dow Jones ослаби за 0,06 отсто, на 18.116 поени, додека индексот S&P 500 се лизна за 0,17 отсто, на 2.104 поени, а индексот Nasdaq забележа пад од 0,31 отсто, на 5.010 индексни поени.

На пазарите во понеделникот преовладуваше претпазливост, откако минатата седмица цените акции силно пораснаа, првпат по три дена пад.

Пораките на американската централна банка Federal Reserve (Fed), дека нема да брза со зголемувањето на каматите предизвика минатата седмица пад на курсот на доларот и раст на цените на нафтата. Таквите движење продолжија и на почетокот од седмицава.

Така, во понеделникот индексот на доларот кој ја прикажува вредноста на американската валути во однос на кошницата од шесте водечки светски валути на најголемите трговски партнери на САД, падна за натамошни 0,9 отсто, откако минатата седмица потона за повеќе од 3,5 проценти.

Тоа делумно ги ублажи стравувањата дека високиот курс на доларот ќе и’ наштети на американската економија/ Силниот долар, имено, претставува голем проблем за американските мултинационални компании бидејќи поради тоа нивните производи на светските пазари стануваат помалку конкурентни, па им паѓаат приходите и заработките.

„Инвеститорите полека се подготвуваат за сезоната на објавување на кварталните деловни резултати којашто започнува за неколку седмици, а тогаш ќе се види како силниот долар влијаел врз работењето. Дотогаш очекувам претпазливо тргување“, вели за Reuters Кен Полкари, директор во компанијата „O’Neil Securities“.

Доларот изминатите години кон кошницата од шест валути зајакна околу 20 отсто, поради што педесетина американски компании ги намалија процените за заработка во првиот годинешен квартал, а ќе ги има и повеќе, па очекувањата на аналитичарите во анкетата на Thomson Reuters за првото тримесечје се значително намалени. На секоја компанија којашто досега најавуваше зголемени процени на заработката доаѓаат во просек 5,5 кои ги намалиле процените, покажува извештајот на Thomson Reuters. Тоа е најлошиот однос н апозитивните и негативните најави од првиот квартал од минатата 2014 година.

„Инвеститорите се свесни дека силниот долар ќе им наштети на заработките на компаниите, но сé уште не знаат колку“, вели Полкари.

Инвеститорите најмногу загрижува енергетскиот центар, кој изнесува околу 8 отсто од заработката на компанијата од секторот S&P 500. Минатата седмица цената на нафтата порасна, но не поради намалените разлики меѓу понудата и побарувачката, туку поради падот на курсот на доларот, поради што поскапе сите суровини чии цени се изразуваат во американската валута.

На претпазливоста на вложувачите укажува и слабиот обем на тргувањето. На американските берзи сопствениците во понеделникот ги заменија 5,4 милијарди акции, додека просечниот дневен обем во март изнесува 6,8 милијарди акции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП