26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСостанокот меѓу Меркел и Ципрас без очигледен напредок

Состанокот меѓу Меркел и Ципрас без очигледен напредок

merkel-tsipras

Германската канцеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис Ципрас го завршија петчасовниот состанок малку пред полноќ во понеделникот без очигледен знак на напредок во врска со програмата за помош на Атина. 

„Канцеларката и грчкиот премиер одржаа во добра и конструктивна атмосфера сеопфатни разговори за ситуацијата во Грција, за процедурите на Европската унија и иднината на германско-грчката соработка“, изјави во вторникот портпаролот на германската влада Штефан Зајберт. Без да информира за поединостите од разговорите кои започнаа во понеделникот во 19 часот и завршија кусо пред полноќ.

Претходно ноќта во своите изјави за медиумите, канцеларката Ангела Меркел и премиерот Алексис Ципрас заземаа помирувачки тон стоејќи еден крај друг. Меѓутоа, на прес-конференцијата пред средбата беше очигледно дека не е дојдено до приближување на ставовите, забележуваат во вторникот германските медиуми.

Цирпас на прес-конференцијата со Меркел рече дека Грција сé уште бара поволни услови за помош., а го спомена и прашањето на германската воена оштета, што е тема којашто германската канцеларка веднаш ја отфрли. Самоуверениот Ципрас повика на преговори за барањето на својата влада Германија да ја плати отштетата за злосторства сторени во текот на нацистичката окупација на Грција во Втората светска војна, изјавувајќи дека компензацијата на е „етичко и морално прашање“.

Меркел сево ова го слушаше со „камено лице“ и го повтори ставот на Германија дека тоа прашање е веќе решено „политички и правно“. Меркел и Цирпас изразија желба за заздравување на грчката економија и се согласија за неопходноста за спроведување на структурните реформи. Ципрас вети спроведување „сеопфатни структурни реформи“, но исто така ја истакна неопходноста од ублажување на економските и општествените проблеми настанати како резултат на пакетот меѓународна финансиска помош во замена за построгите мерки за буџетско штедење.

„Оваа програма не беше успешна за нас“, рече Ципрас укажувајќи на високата невработенсот и драматичното стегање на ременот во економијата. Меркел, пак, рече скаа Грција којашто е „економски силна и има раст“, како и дека Атина треба да воспостави ефикасна јавна управа и да ги воведе неопходните реформи.

„Грците не се мрзливи, ниту Германците ја злоупотребиле Грција. Мораме целосно да работиме за да ги надвладееме тие ужасни стереотипи“, рече Цирпас.

Ова беше вторпат Ципрас да се сретне со Меркел во последните неколку денови. На разговорите во Брисел во петокот вети дека ќе направи список со реформите. Одби во понеделникот да каже дали на германската канцеларка и’ го покажал тој список за кој се верува дека содржи зголемување на возраста за заминување во пензија на 67 години и ограничување на пензионирањето на 62 години за лицата коишто работеле најмалку 40 години.

Грчката влада, исто така, вети дека ќе се фати во костец со перењето пари и избегнувањето плаќање даноци, како и дека ќе ги зголеми туристичките капацитети, кои ги носат главнината од приходите на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП