26 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија ќе се вклучи во заедничкиот транзит на ЕУ и ЕФТА

Македонија ќе се вклучи во заедничкиот транзит на ЕУ и ЕФТА

485461

Работната група на ЕУ и ЕФТА земјите ги усвои денес одлуките на Република Македонија да и биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока.

Делегација на Царинската управа, предводена од директорот Радеска–Крстевска, во понеделникот присуствуваше на 158-от состанок на ЕУ-ЕФТА Работната група за заеднички транзит и олеснување на формалностите во трговијата со стоки кој се одржа во Брисел, Белгија.

На состанокот, Работната група на ЕУ и ЕФТА земјите ги усвои одлуките на Република Македонија да и биде упатена покана за полноправно членство во Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока.

Се очекува Советот на ЕУ во мај годинава да ги усвои овие одлуки, а Македонија да ја доврши правната процедура за пристапување кон Конвенциите, што се очекува да се случи на 1-ви јули 2015 година.

На состанокот, беше усвоен позитивниот извештај на мониторинг мисијата на Генералниот Директорат за царина и оданочување (DG TAXUD) за исполнетоста на условите за пристапување на Македонија кон Конвенцијата за заедничка транзитна постапка и Конвенцијата за поедноставување на формалностите при трговија со стока, спроведена на почетокот на годината, а директорот на Царинската управа одржа презентација пред присутните претставници на земјите членки на ЕУ и ЕФТА за преземените активности за исполнување на условите за членство во двете Конвенции.

Престојот во Брисел, делегацијата на Царинската управа го искористи да присуствува и на состанокот на Работната група за е-Царина на DG TAXUD кој се одржува во вторник, каде директорот на Царинската управа ги запозна присутните за подготвеноста на Македонија да пристапи кон споменатите Конвенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар