21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците во паника, гужва пред банкоматите

Грците во паника, гужва пред банкоматите

greece-bank-deposits

Ризикот од банкрот на Грција расте бидејќи Грците масовно подигнуваат пари од своите банкарски сметки, пренесува весникот Фигаро.

Грција се најде во слична ситуација како и Кипар во 2013 година, кога му се закануваше банкрот.

Соочени со се поголемиот одлив на пари од штедните сметки на своите клиенти, грчките банки наскоро би можеле да останат без пари, што директно води кон банкрот, наведува весникот.

Според пишувањето на Фајненшл Тајмс, минатата недела Грците само во текот на еден ден подигнале од банките меѓу 300 и 400 милиони евра за да ги сокријат на посигурни места, „под душек или на сметките во странство“.

Огромните редици пред банките во Атина потсетуваат на сличната ситуација во текот на 2010 и 2012 ситуација која беше дел од претходните епизоди на кризата која никако да заврши во Грција.

За да влее доверба во Грцитe, но и да ги спаси грчките банки, Европската централна банка досега не се двоумеше да го „одврзе кесето“, но актуелните премногу бавни преговори на грчката влада и претставниците на еврозоната би можеле да го прекинат тој маѓепсан круг, заклучува францускиот весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП