28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономијата на еврозоната заживува

Економијата на еврозоната заживува

evrozonata559

Економијата на еврозоната заживува судејќи според индексот на деловната активност, кој во март достигна највисоко ниво во последните четири години.

Компанијата Маркит, која се занимава со финансиски информации и услуги, соопшти дека индексот на менаџерите за набавка (ПМИ) во еврозоната пораснал на 54,1 поен, од 53,3 поени во февруари, што е најмногу од мај 2011 година.

Секоја вредност на овој индекс над 50 поени укажува на проширување на економските активности, наведува Маркит и додава дека растот главно е поттикнат од новите нарачки и дека подобрувањата се забележани во разни сектори.

Истражувањето на Меркит покажа дека Германија, најголемата економија на еврозоната, има особено добри резултати, а дека и ситуацијата во Франција се подобрува.

Главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон, изјави дека неодамна покрената нова програма на монетарни поттикнувања од Европската централна банка е покрената во време кога економскиот подем на еврозоната веќе започнал да добива на сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП