8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманска компанија ќе отвори фабрика за електроника во Македонија

Германска компанија ќе отвори фабрика за електроника во Македонија

20130310-165735.jpg

Германска компанија е заинтересирана да инвестира во Македонија. Наскоро планира да отвори фабрика за електроника во Велес со што ќе се отворат околу 600 нови вработувања.

Ова го најави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на синоќешниот митинг на коалицијата „За подобра Македонија“ на плоштадот „Македонија“ во Скопје.

– Министерот Веле Самак ме информираше дека со успех завршиле преговорите со еден германски гигант и дека тие планираат наскоро да отворат нова фабрика кај Велес за електроника во која ќе вработат нови 600 невработени луѓе, истакна Груевски.

Говорејќи за поволната економска клима во државата и за рангирањето на Македонија според Светската банка, Груевски рече дека со конкретни дела досега биле привлечени голем број инвеститори како што се Џонсон Контролс, Џонсон Мети, Кемет електроникс, Кромберт и Шуберт и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП