23 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја намали прогнозата за Швајцарија

ММФ ја намали прогнозата за Швајцарија

procenti5454634

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економскиот раст на Швајцарија за 2015 година на околу 0,75 проценти поради растот на курсот на франкот.

Прогнозата за економскиот раст на швајцарските аналитичари за 2015 година е малку повисока и изнесува 0,9 проценти, пренесуваат швајцарските медиуми.

Среднорочната прогноза за економскиот раст на Швајцарија, според оценката на делегацијата на ММФ, која вчера го заврши десетдневниот престој во Швајцарија поради редовната годишна анализа на економската ситуација, изнесува два проценти.

Во најновиот извештај на ММФ се поздравуваат напорите на Швајцарија за зголемување на стабилноста на финансискиот сектор.

„Ризиците и понатака остануваат поради мондијализираното опкружување, неизвесноста во врска со отпочнувањето на иницијатива против масовната имиграција и слабоста на стапката на инфлација“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП