19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува саемот МЕБЕЛ 2015, годинава над 400 изложувачи во 10 хали

Почнува саемот МЕБЕЛ 2015, годинава над 400 изложувачи во 10 хали

saem-za-mebel-2015-2

Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2015 ќе биде отворен од вторник 24 март, на кој посетителите ќе може да видат повеќе од 10.000 парчиња мебел, распространети низ 16.000 метри квадратни.

„Сè е подготвено за овогодинешниот саем МЕБЕЛ 2015, кој секогаш ги исполнува сите саемски хали, со над 400 домашни и странски изложувачи. Оваа година се очекува голема посетеност од околу 50.000 посетители кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата Опел Корса од наградната игра приредена за посетители“, информираат од Скопски саем.

Со секоја купена влезница за МЕБЕЛ 2015, посетителите стануваат потенцијален добитник на најновата Опел Корса, од Опел – ексклузивен партнер на овогодинешниот саем за мебел. Цената на влезниците изнесува 100 денари, а за групните посети и за студенти Скопски саем овозможува 50% попуст на цената на секоја влезница.

Работното време на саемот е од 10:00 – 20:00 часот. Саемот завршува во недела на 29-ти во 18:00 часот, т.е веднаш по извлекувањето на среќниот добитник на новата Опел Корса.

За времетраење на МЕБЕЛ 2015 до 15-ти април, во Арт салонот на Скопски саем, кој се наоѓа во Управната зграда, ќе се одржи и атрактивна изложба на слики и скулптури од дрво и карикатури од браќата Урдин – Киро и Васил Урдин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП