4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕВН Македонија изгради нов далновод во Драчево

ЕВН Македонија изгради нов далновод во Драчево

dalekovodi22

ЕВН Македонија ја изгради привремената нова делница од 110 кВ далновод во Драчево со што најбрзо го реши проблемот со снабдувањето со електрична енергија на корисниците од населбата.

Само за два дена беа изградени двата портални дрвени столба со што се активираше Трафостаницата Драчево 1 ( 110/10 кВ). Со ова привремено решение се обезбеди доволно енергија за сите корисници непречено да се снабдуваат.

ЕВН Македонија изготви техничко решение и го почна поставувањето на новиот решеткаст 110 кВ столб на местото на оштетениот од лизгање на земјиштето предизвикано од трети лица.

„Геолошките истражувања покажаа дека треба да се обезбеди нова посигурна локација за поставување на новиот столб. Екипите на ЕВН ќе вложат максимални напори проектот да се реализира во најкус можен рок, во меѓувреме привремената мрежа ќе помогне да се избегне ограничувањето на потрошувачката во однапред одредени временски интервали“, се вели во соопштението од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП