4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСлаб раст на австриската економија оваа година

Слаб раст на австриската економија оваа година

avstrija

Австриската економија во оваа година ќе забележи слаб раст, а забрзување на растот експертите од австриските институти „Wifo“ и „IHS“ очекуваат дури во 2016 година.

„Wifo“ и „IHS“ претпоставуваат дека растот на БДП во тековната година ќе изнесува 0,5 проценти (Wifo), односно 0,8 проценти (IHS), а за наредната година прогнозите предвидуваат раст од 1,3 проценти, односно 1,6 проценти, наместо претходно предвидените 1,1 проценти.

Експертите истакнуваат дека во овој момент се укажува на тоа дека економијата на Австрија ќе се задржи на слабата стапка на раст од претходните квартали, но нагласуваат дека нема индикации за рецесија.

Невработеноста според „Wifo“ и „IHS“ и понатака ќе се зголемува. Причина за тоа е силното проширување на потенцијалите на работната сила. Стапката на невработеност во оваа година, според прогнозите на „Wifo“ ќе порасне од 8,4 проценти од минатата година на 9,1 проценти, а наредната година на 9,4 проценти.

„IHS“ смета на раст на вработеноста на 8,9 проценти за тековната и наредната година.

Заедно со зголемувањето на бројот на навработени ќе расте и бројот на активно вработени за 0,5 проценти и за 0,7 проценти наредната година.

Што се однесува на индексот на потрошувачките цени „Wifo“ прогнозира дека инфлацијата ќе падне од ланските 1,7 на 1,3 проценти оваа година, односно на 1,5 проценти. „IHS“ предвидува пад на 1,2 проценти во 2015 година, додека за наредната година очекува дека таа ќе изнесува 1,8 проценти.

Падот на инфлацијата ќе предизвика пред се намалување на цените на енергенсите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП