28 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија со петмина борачи учествува на ЕП

Македонија со петмина борачи учествува на ЕП

boraci 22

Петмина борачи ќе ја преставуваат Македонија на Европското првенство во слободен и грчко-римски стил, до 23 години, кое од 24-ти до 29-ти март ќе се одржува во Валбрзих, Полска.

На континенталното првенство ќе настапат: Јасин Реџелари 65 кгр – слободен стил, Бехар Махмути 70 кгр – слободен стил, Бесмир Вејсели 74 кгр – слободен стил, Зубаиров Халил 86 кгр – слободен стил и Тимур Хамикоев 86 грчко – римски стил.

Први на ЕП ќе настапат Јасин Реџелари и Бехар Махмути кои својот настап ќе го имаат на 24-ти март, додека Бесмир Вејсели и Зубаиров Халил ќе настапат на 25-та март. На 29-ти март, како наш последен натпреварувач ќе се појави Тимур Хамикоев во грчко – римски стил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП