4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата се движи околу 55 долари

Цената на нафтата се движи околу 55 долари

nafta 35

Цената на нафтата се спушти во понеделникот на светските берзи кон 55 долари за барел, откако Саудиска Арабија објави дека ќе размисли за намалување на производството, но само доколку тоа го сторат производителите кои не се членки на OPEC.

На лондонската берза цената на барелот падна за 21 цент во однос на претходното затворање, спуштајќи се на 55,11 долари. На американскиот пазар со барелот се тргува по 87 центи пониска цена, од 46 долари.

Саудискиот министер за нафта Али ал Наими порача дека неговата држава е подготвена да го намали производството од моментно рекордни 10 милиони барели дневно само во случај тоа да го сторат и производителите кои не се членки на OPEC.

„Повторуваме дека цената ја одредува пазарот“, рече ал-Наими.

Аналитичарите на Barclays прогнозираа во понеделникот дека доколку производството на ниво на OPEC се задржи на актуелното ниво близу 30 милиони барели дневно, вишокот на пазарот ќе порасне за 900 илјади барели дневно на 1,3 милиони барели дневно.

Изминатите денови цената на нафтата осцилираше, час беше под притисок од загриженоста за прекумерно снабдување, час поттикната од колебањето на курсот на американскиот долар во очекување да заврши периодот на повеќегодишен период на ниски каматни стапки во САД во бтората половина на годината.

Така на пример, во понеделникот падот на цената на нафтата го сопре намалениот курс на доларот, кој поттикнува побарувачка.

„Во изминатите 15 години состојбата во глобалната економија ја дефинираа растот на цената на стоките, политиката на ниски какамтни стапки и слабиот долар. Овој циклус сега е сменет, со забавување на индустриското производство во Кина и јакнење на американското производство на нафта од шкрилци“, констатираат аналитичарите Bank of America Merrill Lynch.

„Комбинацијаа на силниот долар, повисоките каматнис тапки и пригушениот раст би можеле да ја кочат цената во 2015 година“, се додава во извештајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП