27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинешниот саем МЕБЕЛ 2015 за првпат распространет низ 10 саемски хали

Годинешниот саем МЕБЕЛ 2015 за првпат распространет низ 10 саемски хали

saem-za-mebel

Меѓународниот саем МЕБЕЛ 2015 ќе биде отворен од вторник 24 март, на кој посетителите ќе може да видат повеќе од 10.000 парчиња мебел, распространети низ 16.000 метри квадратни.

„Сè е подготвено за овогодинешниот саем МЕБЕЛ 2015, кој секогаш ги исполнува сите саемски хали, со над 400 домашни и странски изложувачи. Оваа година се очекува голема посетеност од околу 50.000 посетители кои ќе имаат шанса да го уредат својот дом, а од изложувачите да си овозможат и големи попусти, но и да станат потенцијален добитник на новата Опел Корса од наградната игра приредена за посетители“, информираат од Скопски саем.

Со секоја купена влезница за МЕБЕЛ 2015 станувате потенцијален добитник на најновата Опел Корса, од Опел – ексклузивен партнер на овогодинешниот саем за мебел. Цената на влезниците изнесува 100 денари, а за групните посети и за студенти Скопски саем овозможува 50% попуст на цената на секоја влезница.

Работното време на саемот е од 10:00 – 20:00 часот. Саемот завршува во недела на 29-ти во 18:00 часот, т.е веднаш по извлекувањето на среќниот добитник на новата Опел Корса.

За времетраење на МЕБЕЛ 2015 до 15-ти април, во Арт салонот на Скопски саем, кој се наоѓа во Управната зграда, ќе се одржи и атрактивна изложба на слики и скулптури од дрво и карикатури од браќата Урдин – Киро и Васил Урдин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП