4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е главниот двигател на германскиот економски раст?

Кој е главниот двигател на германскиот економски раст?

germanija-dobra-sostojba-germany

Економијата на Германија во првата половина од оваа година би требало да забележи силен раст, благодарение на големиот извоз и прогнозираниот раст на личната потрошувачка.

„Економијата на Германија, по изненадувачки силниот раст на крајот на 2014 година, би требало во првиот квартал од 2015 година да го продолжи силниот раст“, соопшти централната банка, Бундесбанк.

„Во вториот квартал, трендот на силен економски раст ќе продолжи. Главниот двигател на растот на БДП е надворешната побарувачка, личната потрошувачка и во помала мера изградбата на станови“, се наведува во најновиот месечен извештај на Бундесбанк, пренесува агенцијата Франс прес.

Личната потрошувачка во Германија, која веќе е на високо ниво поради поволниот развој на ситуацијата на пазарот на труд и големото зголемување на платите, доби нов поттик благодарение на падот на цената на енергенсите, се наведува во извештајот на Бундесбанк.

Економијата на Германија во последниот минатогодишен квартал порасна повеќе од очекуваното, 0,7 проценти, па така во минатата година регистрираше раст од 1,6 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП