9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобрите половни автомобили

Најдобрите половни автомобили

Toyota cars are lined up for sale on the forecourt of a Toyota dealer in Purley, south London

Доколку барате поволен и нов автомобил, подобро изберете поволно возило, советуваат експертите на „Consumer Reports“, кои ги презентираат најдобрите понуди на пазарот за користени автомобили.

Рангирањето е направено за пазарот на САД, но повеќето од автомобилите се нудат и во Европа. Победниците целосно се претставници на јапонските марки. Од „Consumer Reports“ селектираа автомобили од неколку ценовни сегменти.

„Цената на автомобил како нов паѓа во просек за 23% уште во првата година. А по три години таа е речиси преполовена. Важно е сепак да знаете што да изберете, бидејќи евентуалните поправки можат буквално да ви го „скинат џебот““, велат од „Consumer Reports“.

Еве ги препорачаните автомобили:

Категорија до 10.000 долари:

„Mazda3“ од 2008-ма година.

„Honda CR-V“ од 2005-та година.

Категорија до 15.000 долари:

„Infiniti G35“ од 2007-ма година.

„Toyota Highlander“ од 2005-2007 година.

Категорија од 15.000 до 20.000 долари:

„Toyota Prius“ од 2010 – 2013 година.

„Honda Accord“ од 2008 – 2012 година.

„Toyota Camry“ од 2010 – 2012 година.

„Toyota RAV4“ од 2009-2011 година.

Категорија од 20.000 до 25.000 долари:

„Infiniti M“ од 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП