10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЃул: Турција за десет години ќе биде една од најсилните економии во...

Ѓул: Турција за десет години ќе биде една од најсилните економии во Европа

20130309-200429.jpg

Турција ќе биде една од најсилните економии во Европа по десет години, а во 2050 година ќе биде најсилната европска економија, изјави турскиот претседател Абдула Ѓул, кој деновиве е тема на шведските медиуми, поради неговата претстојна посета на оваа земја.

– Турција е една од најбрзо развивачките економии во светот, со што зазема важно место и во Европа. Освен тоа таа располага со потребното влијание да придонесе за решавање на конфликтите на Блискиот Исток, нагласуваат шведските медиуми, пред утрешната посета на Ѓул на Стокхолм.

Турскиот претседател нагласи дека во Шведска живеат над сто илјади Турци, кои имаат шведско државјанство.

– Тие играат важна улога во изградбата на добри односи меѓу двете земји, додаде Ѓул.

Тој пристигнува утре во посета на Шведска на покана на шведскиот крал Карл Шестнаесетти. Ѓул ќе биде првиот турски претседател, кој ќе ја посети скандинавската земја.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП