21 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИSinopec забележа најниска годишна добивка од 2008-ма година

Sinopec забележа најниска годишна добивка од 2008-ма година

sinopec3

Акциите на „China Petroleum & Chemical Corp“ (Sinopec) го забележаа значително најголемиот пад во последните три месеци, откако најголемата рафинерија во Азија ја објави најслабата годишна добивка по крахот на „Lehman Brothers“ во 2008-ма година и последователната светска финансиска криза.

Нето добивката на „Sinopec“ за 2014-та година падна на 46,5 милијарди јуани (7,5 милијарди долари) или 0,397 јуани по акција, во споредба со 66,1 милијарди јуани или 0,53 јуани по акција во минатата година. Нивото остана значително под просекот од прогнозата на аналитичарите за нето добивка од 53,5 милијарди јуани.

Продажбата на „Sinopec“ исто така оствари негативен резултат или пад за 1,9 отсто.

Кинеското здружение остана под притисок главно поради пропаѓањето на цените на меѓународните енергетски пазари. Нафтата поевтини за 48 отсто во минатата година, принудувајќи ги компании низ целиот свет да ги скратат трошоците и бројноста на персоналот за да се изборат со кризата.

„Минатогодишниот пад на добивката се должи главно на пониските цени на суровата нафта и последователните ефекти од тоа. Профитот на „Sinopec“ во 2015-та година може да падне за уште 80%, ако се претпостави дека ќе остане цената од 50 долари за барел“, рече Лаван Ју, аналитичар од „Jefferies Group LLC.“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП