4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас до Меркел: Не сме во можност да го отплатиме долгот

Ципрас до Меркел: Не сме во можност да го отплатиме долгот

cipras-merkel

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и упати писмо на германската канцеларка Ангела Меркел во кое наведе дека Атина нема да биде во можност да го сервисира јавниот долг без финансиска помош од Европската унија, пишува Financial Times.

Британскиот весник наведува дека имал увид во писмото во кое Ципрас предупредува дека неговата влада ќе биде принудена да избира помеѓу отплатата на долговите, пред се кон Меѓународниот монетарен фонд, и социјалната програма.

„Со ова писмо ве повикувам да не дозволите малиот проблем со приливот на пари и одредената „институционална инертност“ да прераснат во големи проблеми за Грција и Европа“, напиша Ципрас.

Писмото до кое дојде Financial Times објавено е синоќа, во пресрет на состанокот на Ципрас и Меркел, што треба да се одржи денеска на пладне во Берлин.

Грчкиот премиер смета дека инсистирањето на Германија на строго буџетско штедење во Грција предизвика хуманитарна криза, сиромаштија и масовна невработеност.

Германската канцеларка, од друга страна, инсистира на тоа презадолжената Грција, доколку сака нова финансиска помош, чиј најголем дел доаѓа од Германија, мора да „проголта горко апче“ во вид на ограничување на буџетската потрошувачка и реформите.

Меѓународните кредитори минатиот месец се согласија на продолжување на програмата за помош на Атина во траење од четири месеци, во замена за продолжување на реформите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП