4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Киев не е во состојба да исплаќа долгови

ММФ: Киев не е во состојба да исплаќа долгови

Ukrajina_BetaAP1

ММФ наведе дека Украина не е во состојба да го исплати долгот кон Русија од три милијарди долари до декември оваа година.

Како што пренесува Фајненшл Тајмс, Киев ќе се обиде да реструктуира 15 милијарди од долгот во наредните четири години.

Таквата стратегија се вклопува во планот на ММФ за ликвидација на финансиската „црна дупка“ од 40 милијарди долари во буџетот на Украина.

Аналитичарите на ММФ наведуваат дека сеуште не е составен комплетниот список со мерки за можното реструктуирање на украинскиот долг.

Русија претходно соопшти дека нема намера да учествува во реструктуирањето на украинскиот долг и дека руското Министерството за финансии не рамислува за негово отпишување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП