23 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPirelli преминува во кинески раце

Pirelli преминува во кинески раце

p china

Во договор за 7,1 милијарди евра, италијанскиот производител на гуми „Pirelli“ ќе стане сопственост на кинеската компанија. Контролиран од државата, кинескиот концерн „The China National Chemical Corporation“ (ChemChina) во неделата објави дека ќе се обиде да го купи конкурентот на германски „Continental“.

Единицата за гуми на кинеската корпорација првично ќе преземе удел од 26,2% кои инвеститорот „Cam Finanziaria SpA“ (Camfin) го држи во „Pirelli“. Досега „Camfin“ беше најголемиот акционер во „Pirelli“, пренесува „Ројтерс“.

Според заедничката изјава, двете компании се договориле за откупна цена од 15 евра по акција. Кинеската компанија има намера да упати понуда за остатокот од акциите на италијанската компанија. На останатите акционери исто така ќе им бидат понудени по 15 евра за акција. Тоа е малку помалку од цената на затворање од 15,23 евра за акција на „Pirelli“ во петокот. Доколку ова превземање биде успешено, тоа би била најголемата зделка за стекнување на кинеска компанија во Италија.

Со овој договор, „ChemChina“ ќе добие пристап до технологија за производство на премиум гуми. „Pirelli“ за возврат може да се очекува поголемо присуство на растечкиот кинески пазар.

Согласно предложениот договор, „Pirelli“ ќе го задржи своето седиште во Италија, а акциите ќе се одржат од новоформираната италијанска компанија, која ќе се контролира од неидентификувани партнери, изјави „Camfin“.

„Camfin“ е мнозинска сопственост на руската нафтена компанија „Роснефт“ и холдинг-компанија на претседателот на Бордот на директори на „Pirelli“, Марко Провера. Рускиот гигант „Роснефт“ купи 13% од акциите на „Pirelli“ во март 2014-та година, откако акционерите на италијанската компанија најавија дека ќе ги реорганизираат нивните инвестиции.

Меѓу другите акционери се банките „Intesa Sanpaolo“ и „Unicredit“.

„Chemchina“ е позната како „China National Chemical Corp“ и е една од најголемите индустриски компании во оваа држава. „Chemchina“, која исто така има фабрики за гуми, вети дека ќе го поддржи проширувањето на светското присуство на „Pirelli“ – петтиот најголем снабдувач на гуми во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП