16 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСо популарноста на Android расте и бројот на вируси

Со популарноста на Android расте и бројот на вируси

virus

Популарноста на платформата „Android“ очигледно е дека го привлече вниманието и на хакерите. Според извештајот на компанијата „F-Secure“, во 2012-та година 79 проценти од сите направени компјутерски вируси за мобилните оперативни системи се создадени токму за платформата на „Google“.

Пред една година овој показател исто така беше висок, но се зголемил за дури 10 проценти во последните 12 месеци. Во 2010-та година „Android“ го почнуваше својот пат и поради тоа не беше интересна за програмерите, па тогаш за овој оперативен систем беа направени само 11 проценти од вирусите.

Најмалку штетни програми се направени за iOS на„ Apple“, 0,7 проценти. „Symbian“ оперативниот систем има помало внимание од хакерите и минатата година беа направени само 19 проценти од вирусите, за разлика од пред две години кога оваа бројка изнесуваше 62,5 проценти. Останатите играчи на пазарот, „Windows Mobile“, „BlackBerry“и „J2ME“ не се интересни за хакерите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП