17 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗAudi се откажува од „миниван“ возила

Audi се откажува од „миниван“ возила

a minivan

„На Audi не му потребни „миниван“ модели за да го достигне планираниот обем на продажба од 2 милиони единици годишно“, изјави директорот за развој на компанијата Улрих Хакенберг за „Automotive News“.

Топ менаџерот на брендот беше запрашан дали „Audi“ ќе претстави конкурент на неодамна презентираните модели од ривалот „BMW“ во оваа класа. Баварците веќе го нудат на пазарот 5-члениот „Series 2 Active Tourer“ и 7-члениот „Series 2 Gran Tourer“, па поради тоа многумина очекуваа дека „Audi“ ќе извади нивен конкурент.

Според Хакенберг, „Volkswagen“ располага со доволно добри „миниван“ модели, додека такви автомобили нема како да се вклопат во палетата на „Audi“. Тој додаде дека во моментов големата конкуренција меѓу марките од премиум сегментот е во класата на компактни кросовери и затоа неговата компанија посветува големо внимание на „Audi Q1“ што ќе се појави следната година.

Во 1999-2005 година компанијата од Инголштат произведуваше го субкомпактниот „ван“ „Audi A2“, кој сепак беше прескап поради својата алуминиумска каросерија. На пазарот на половни автомобили овој модел сепак ужива огромна популарност и поради тоа се појавија гласини дека „Audi“ планира да го оживее.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП