4 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАСтотици песни напишани во Скопје по повод Светскиот Ден на поезијата

Стотици песни напишани во Скопје по повод Светскиот Ден на поезијата

cof

Добро е што можам да видам дека на зборот „срце“, С-то е повпечатливо и повеќе си притиснал со моливот.

Ова е стих од првонаградената поезија на Нора, напишана по повод настанот, Плати Кафе со Поезија.

На Светскиот ден на поезијата, 21 март, граѓаните покажаа дека го сакаат кафето и уживаат во него. Оваа идеја на наследникот на австриската династија на произведувачи на кафе и сопственик на „Мајнл банки“ Јулиус Мајнл беше одлично прифатена од сите скопјани.

Аромите на кафето беа причина плус за големиот број собрани хартии кои беа полни со креативност, љубов и среќа.

По повод Светскиот ден на поезијата, оваа акција, Плати Кафе со Поезија беше поздравувана од граѓаните и привлече големо внимание. На трите локации, „Дион“ на Кеј, „Наргиле“ во Чаршија и „Паладиум“ во Капиштец, се собраа повеќе од 600-тини поезии, кои освен на македонски и албански, беа пишувани и на бугарски, турски, руски, германски, српски и англиски јазик.

Поетите кои несебично им помагаа на граѓаните и земаа учество во оваа уникатна акција, Ѓоко Здравески, Ксенија Николова, Наим Иљази Пари, Билјана Стојановска, Даниел Карески и Елена Пренџова ги одбраа најдобрите три поезии, од кои трето наградената е на 6-годишната Лука, втората награда и припадна на Зорица и поезијата која собра најголем број воздишки од поетите и го освои првото место е дело на Нора. Парична награда и производи од Јулиус Мајнл беа дел од наградите кои отидоа во рацете на првите тројца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП