23 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Кина авионите најмногу доцнат

Во Кина авионите најмногу доцнат

avioni h222

Кинеските воздухопловни компании и аеродроми се најлошите на светот според почитувањето на возниот ред, се наведува во извештајот на американска специјализирана компанија, а податоците се собирани во текот на 2014-та година.

Двата аеродрома во кинеската метропола Шангај се на дното од листата од 61 најголем светски аеродром, а одвај 37 отсто од авионите на нив полетуваат навреме, покажуваат податоците на компанијата „FlightStats“. Според нив, дури седум од најлошите најголеми светски аеродроми се во Кина.

Од друга страна, јапонскиот аеродром „Ханеда“ се наоѓа на врвот со 89,8 отсто од извршените летови во одреденото време. Најдобра воздухопловна компанија, пак, е „KLM Royal Dutch Airlines“ со 88,7 отсто навремени летови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП