22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВаруфакис повика Атина и Берлин да престанат да се обвинуваат

Варуфакис повика Атина и Берлин да престанат да се обвинуваат

Yanis Varoufakis

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис кој се најде седмицава во жариштето на полемиката поради неговото однесување и наводното неговото поранешно покажување на „средниот прст“ на Германија, во петокот на својот блог повика Берлин и Атина да го прекинат меѓусебното обвинување.

Во блогот насловен „Грци и Германци, повторно промислуваме за нашата заедничка иднина“, грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис и оценува дека треба „да ја прекинат отровната игра на меѓусебни обвинувања и морализаторско вперување со прстот што има користи само на непријателите на Европа“.

Според Варуфакис, преку „моменталната“ примена на договор на Еврогрупата од 20-ти февруари треба да се „концентрира на нашиот заеднички интерес, на тоа како да расте и брзо да се реформира Грција за државата полесно да ги враќа долговите кои не смеело да бидат потпишани, внимавајќи на своите граѓани како што треба да го прави секоја европска држава“.

Варуфакис се надева дека „Германците и Грците заедно со сите Европејци“ ќе можат „повторно да размислуваат за нашата монетарна унија како за земај на благосостојба за сите“.

Овие помирливи изјави, се чини, се насочени да му овозможат на Варуфакис да го сврти вниманието од себе и критиките упатени на неговото неконвенционалнно дипломатско однесување и изјави кои предизвикуваат остри реакции од европските партнери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП