27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТуск: Сé потешко се одржува единството околу санкциите за Русија

Туск: Сé потешко се одржува единството околу санкциите за Русија

donald tusk

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, изјави во петокот дека сé потешко е да се одржи единствениот став во Европската унија околу санкциите против Русија поради нејзината наводна улога во кризата во Украина.

Челниците на земјите членки на Европската унија се согласија на самитот во Брисел во четвртокот дека санкциите против Русија треба да бидат поврзани со „целосното спроведување на договорот од Минск“ за прекин на огнот во Украина, притоа не одредувајќи ја прецизно на кои акции на Москва се мисли.

Меѓутоа, познато е дека во рамките на самата Европска унија со месеци наназад постојат несогласувања околу санкциите на коишто некои членки не се согласија со драга волја. Особено тоа важи за оние кои губат многу од контра мерките што ги презема Русија како одговор на западните санкции.

„Станува сé потешко да се гради европското единство околу размерно тешките потези, вклучително и одржувањето на санкциите (против Русија)“, изјави поранешниот полски премиер Туск за медиумите од неговата земја.

Неименуван европски функционер во петокот за Reuters изјави дека половината па дури и повеќе од половината од земјите членки на Европската унија сакале ублажување на санкциите, додека членките со потврд став, повлијателните во ЕУ, се залагале за задржување на санкциите сé додека мировниот договор од Минск не биде спроведен во целост.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП