19 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРАХуманитарен концерт на Ѕвончиња и Мелодиум

Хуманитарен концерт на Ѕвончиња и Мелодиум

wybt8xx4-650x366

Денес, во Центарот за култура, во Битола, во 19 часот, детскиот хор „Ѕвончиња“ и вокалната група „Мелодиум“ ќе одржат голем хуманитарен концерт по повод  девет годишнината од постоењето на „Ѕвончињата“ и третиот роденден на „Мелодиум“.

Невообичаен музички настан во кој ќе се испреплетат звуците на класичната музика, класиците од германската школа, црнечки спиритуали, пропратени со звуците на инструментите кои ќе произлезат од учениците при Музичкото училиште во Битола. Се на се, еден голем музички спектакл, кој освен одбележување на годишнина од постоењето на детскиот хор „Ѕвончиња“, ќе ја задржи хуманата димензија како и во минатото.

Музичкиот спектакл под водство на  Марина Коруновска, професор по соло пеење во Музичкото училиште во Битола, ќе донесе настап на членовите на хоровите Ѕвончиња 1, 2 и 3, како и вокалната група Мелодиум, составена од „израснатите“ ѕвончиња поранешни членови на помалите групи, а сега веќе средношколци и формирани гласови, гудачки квартет и музичка придружба. Секако, на концертот ќе има и изненадувања, кои ќе можат да ги доживеат посетителите.

Детскиот хор „Ѕвончиња“ постои веќе девет години на иницијатива на професорката по соло пеење во битолското музичко училиште, Марина Коруновска. На почетокот започна со  20-тина деца, а денес работат три групи Ѕвончиња 1, 2 и 3 поделени според возраста, а поголемите некогашни ѕвончиња, денес средношколци или ученици од повисоките основни одделенија, се дел од Мелодиум.

Досега ѕвончињата трипати одржале хуманитарни концерти под наслов Пееме до ѕвездите. Во духот на хуманата мисија на Тоше Проески, децата со негови песни од овие концерти обезбедија средства за набавка на медицински апарати за болните дечиња во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, претходно за инструмент (пијанино) во музичкото училиште и пред три години средства за живеалиштето на нилското коњче во битолската зоолошка градина.

Освен по својата хуманост, детскиот хор Ѕвончиња е препознатлив по многуте настапи во земјава и надвор од неа, а во 2013 Во присуство на 700 учесници од сите земји во светот, Детскиот хор „Ѕвончиња“ во бугарскиот град Созопол  ја освои 1-вата награда во категоријата на Класична музика, а членката на овој хор Магдалена Кочоска исто така ја освои 1-вата награда во категоријата Естраден вокал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП