19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗToyota ја претстави верзијата Corolla Nürburgring Edition (фото)

Toyota ја претстави верзијата Corolla Nürburgring Edition (фото)

nim tojota

Специјална верзија на седанот „Corolla“ претстави јапонската компанија „Toyota“. Таа го носи името „Nürburgring Edition“, а е создадена за тајландскиот пазар, каде и ќе се произведува.

nim tojota1

Моделот е посветен на култната германска патека Нирбургринг и треба да го одбележи 7-мото место на „Toyota Corolla Altis“ во минатогодишното издание на трката за издржливост „24 часа Нирбургринг“.

Моделот е базиран на верзијата „Corolla ESport“, но се разликува од неа по низа дополнителни детали. Такви се на пример 17-инчните бандажи, различните браници, решетката на ладилникот во сјајно црна боја, страничните прагови, задните спојлери и дифузор и друго.

nim tojota23

Внатрешноста нуди спортски волан, тапацир од црна кожа и елементи во црвена боја.

Погонот на моделот е од стандардниот мотор на тајландската „Corolla ESport“. Тоа е 1,8-литарски бензински мотор кој развива 141 КС и 177 Нм.

nim tojota3

За подобрување на динамиката инженерите на компанијата поставија различна суспензија, која обезбедува опипливо подобро однесување на патот во споредба со обичните модификации на автомобилот, покажува информацијата.

Моделот е достапен во две специјални бои – „Black Mica“ или „White Pearl“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП