18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗОтворен саемот на автомобили во Белград - најскап модел Mercedes-Maybach

Отворен саемот на автомобили во Белград – најскап модел Mercedes-Maybach

belgrad saem koli

Во Белград денеска беше отворен 52-риот меѓународен саем на автомобили кој ќе трае до 29-ти март.

На саемот под мотото „Место на кое мажите плачат од среќа“ премиерно ќе бидат претставени педесетина автомобили, меѓу кои и одредени модели кои светската премира ја имаа на неодамна завршениот саем на автомобили во Женева.

Меѓународниот саем на автомобили во Белград е најстара изложба на автомобили на овие простори, а од оваа година би можел да биде и единствениот во југоисточна Европа, бидејќи веќе е откажан саемот во Букурешт, а во прашање е доведено и одржувањето на саемот во Софија.

Организаторите на саемот очекуваат во просек по 10.000 посетители дневно, а веќе е сопштено дека има неколку заинтересирани купувачи за најскапиот изложен модел- Мерцедес Мaybach, чија цена изнесува 228.900 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП